Медински тврди дека Украина се согласува со фундаменталните барања на Русија
Рускиот преговарач Владимир Медински денеска изјави дека украинските власти вчера првпат доставиле предлози до Русија.
Шефот на руската делегација истакна дека доколку Киев ги исполни сите овие обврски, заканата од НАТО ќе биде елиминирана, пишува ТАСС.
„Во суштина тие се согласија со фундаменталните барања на Руската Федерација“, рече Медински.
Меѓу другото, шефот на рускиот преговарачки тим објасни дека Русија била принудена да започне „операција“ во Украина бидејќи има непобитни докази дека Киев подготвува офанзива во регионот на Донбас.
Meдински рече дека Русија му поставува барања на Киев од 2014 година кога станува збор за безбедноста.На крајот од разговорот за каналот Русија 24, Медински рече дека за време на преговорите во Истанбул, Украина за првпат ја констатирала подготвеноста да исполни голем број услови.
„Украина смета дека рускиот бизнисмен Роман Абрамович е ефикасен посредник меѓу Киев и Москва кој помага да се спречат недоразбирањата меѓу двете страни“, изјави денеска украинскиот преговарач Михаил Подољак.
Русија ги намали очекувањата од некаков значаен прогрес во мировните преговори со Украина, кои се водеа и денеска во Истанбул.
Димитри Песков, портпарол на рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека е добро дека конечно украинската страна своите предлози ги ставила во пишана форма.
