Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕДИНСКИ ДО ЗАПАДОТ: Русите секогаш си доаѓаат по своето

МЕДИНСКИ ДО ЗАПАДОТ: Русите секогаш си доаѓаат по своето

Русите реагираат по најавите на францускиот претседател Емануел Макрон дека откако не прифатија примирје, ќе има заеднички одговор. 

Шефот на руската делегација за преговори со Украина и помошник на рускиот претседател, Владимир Медински, во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата „Русија 1“ изјави дека низ историјата војната и преговорите секогаш се воделе истовремено.

„Како по правило, секогаш, како што рекол Наполеон, војната и преговорите се водат паралелно“, рече Медински.

Тој додаде дека оние кои бараат примирје пред почеток на преговори за мир во Украина, не ја познаваат историјата.

„Многумина сега велат – прво да има примирје, па потоа разговори. Велат – 30 дена, 60 дена, не е важно. Но, тоа го зборуваат луѓе кои воопшто не ја познаваат историјата“, изјави Медински.

Како примери, тој ги посочи Виетнамската војна, Корејската војна, како и Советско-финската војна, во кои, според него, преговори се воделе во текот на целото времетраење на воените дејствија.

Медински потсети и на зборовите на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк: „Русите секогаш доаѓаат по она што го сакаат – тоа е многу важна лекција од историјата.“

„Бизмарк предупреди дека кој и да се обиде да ги измами Русите или да им земе нешто, ќе се соочи со последици. Можеби не веднаш, но порано или подоцна – Русите секогаш си доаѓаат по своето“, заклучи Медински.

Преговорите во Истанбул не дадоа некој резултат, освен што е можна голема размена на заробеници. Војната во Украина трае повеќе од три години. Русија бараше денафицикација, демилитаризација на Украина и Украина да ја признае независноста на Доњецк и Луганск. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести