Економија, финансии, бизнис

Контакт

60 тони хуманитарна помош од Русија пристигна во САД

60 тони хуманитарна помош од Русија пристигна во САД

Воен транспортен авион на Русија слета во Њујорк со 60 тони медицинска опрема и маски,  што е директна помош од Русија за САД кои во мометов се соочуваат со најголеми размери на пандемијата на коронавирусот.

Помошта беше договорена во понеделникот меѓу двајцата шефови на САД и Русија, Трамп и Путин кои разговараа телефонски. Хуманитарната помош што ја испрати Русија за САД се состои од 60 тони вентилатори, маски, респиратори и друга опрема.

Од официјален Кремљ соопштуваат дека американскиот претседател Доналд  Трамп со благодарност ја прифатил оваа хуманитарна поомош од Русија.

– Сега кога моменталната ситуација влијае и може да се окарактеризира како глобална, не постои алтернатива за заедничката работа во духот на партнерството и взаемната помош, истакна портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков.

Во САД досега 215.300 луѓе се инфицирале со Ковид-19, од кои  и над 5.110 смртни случаи, 8.878 оздравеле.


Слично

Поврзани вести