Медицинска сестра убила седум бебиња и посегнала по животот на други 10 деца
Британска медицинска сестра убила седум бебиња.
32 годишната Луси Летби e обвинета за убиство на пет момчиња и две девојчиња, како и за обид за убиство на 10 други бебиња во болницата „Грофицата од Честер“.
„Пред декември 2015 година, податоците за морталитет на бебињата во неонаталното одделение на болницата биле споредливи со други слични единици. Но, во текот на следните 18 месеци дошло до значителен пораст на смртноста на бебињата“, изјави обвинителот Ник Џонсон.
Обвинетата во судот во Манчестер се изјаснила за невина. Лекарите забележале дека бебињата кои колабирале не реагирале на соодветната терапија и навремената реанимација“, пишува Би-би-си. Случајот ја потресе јавноста.
Слично
