Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медицинска сестра го убила докторот кој ја принудувал на афера, а потоа и го зготвила - детали за грозоморно убиство во Кина

Медицинска сестра го убила докторот кој ја принудувал на афера, а потоа и го зготвила - детали за грозоморно убиство во Кина

Медицинската сестра која го уби, го распарчи телото и го зготви својот колега лекар кој ја уценувал за секс, била осуден на смртна казна. 

Според локалните извештаи од Кина, а како што пренесува Србија данас, медицинската сестра била вработена во службата за итни случаи. Имено, Ли Фенгпинг (25) имала сексуална врска со заменик-шефот на клиниката за ортопедија на болницата каде што работела - Лу Јуанџијан.

Фенгпинг, како што се наведува, имала големи долгови кон својјот колега уште од времето кога била коцкар, па била принудена да го „отплати долгот“ преку сексуални односи, нешто што понекогаш морала да го прави дури и три пати неделно. 

Соседите на медицинската сестра од зградата од другата страна на улицата направиле вознемирувачки фотографии на кои се гледа моментот кога припадниците на локалните служби го напуштаат нејзиниот дом со покриени носилки на кои се наоѓало распарченото тело на лекарот.

Фенгпинг се одмаздила за наводната уцена убивајќи го нејзиниот колега, а потоа готвејќи ги деловите од неговото тело, кои полицијата ги пронашла во нејзиниот тоалет.

Шокантното убиство се случи на 23 март лани во станот што Ли го изнајмувала, сместен зад болницата во градот Јулин, каде исто така работела. Според медиумите, таа е осудена на смрт за убиство со умисла, пишува Србија данас.

фото Србија данас

Слично

Поврзани вести