Економија, финансии, бизнис

Контакт

„McDonald’s“ во чест на жените го промени своето лого

„McDonald’s“ во чест на жените го промени своето лого

Ланецот ресторани за брза храна  „McDonald’s“ денес по повод Меѓународниот ден на жената привремено го промени својот симбол. Буквата „М“ која што беше препознатлива за овој бренд беше свртена обратно за да изгледа како буквата  „W“ која што е почетна буква од аглискиот збор „WOMAN“ – жена

Новото лого се појави на сајтот и на профилите социјалните мрежи на „McDonald’s“.Ова лого беше поставено и пред нивниот ресторан во градот Линвуд во Калифорнија.

Од „McDonald’s“  информираат дека во 100 од нивните 14.000 ресторани ширум земјата логото ќе биде променето, односно ќе биде ставено новото.

Уште еден начин кој укажува дека оваа компанија ги цени и почитува правата на жената е фактот дека 6 од  10 менаџери на рестораните се жени. 


Слично

Поврзани вести