Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мажот кој уби професор во Франција извикувајќи „Алаху Акбар“ е роден во Русија

Мажот кој уби професор во Франција извикувајќи „Алаху Акбар“ е роден во Русија

Мажот кој денеска изврши напад во Франција, извикувајќи „Алаху Акбар“ е роден во Русија. 

Мохамед М.,  кој со нож уби професор во училиште во францускиот град Арас  е уапсен. Две лица се ранети во нападот. 

Уапсен е и неговиот брат Сулејман М., роден 2006 година, пренесува „Ле Паризиен“.

Мохамед М., го следеле од DGSI (Генерален директорат за внатрешна безбедност), според информациите на еден француски весник.

Неговиот брат е уапсен во летото 2019 година од страна на DGSI кога спречиле напад, а потоа и за величање на тероризмот. Што се однесува до Мохамед М, тој бил предмет на повеќе разузнавачки техники и активни мерки за следење од ова лето: тој бил прислушуван и подложен на физички надзор. 

Неговите телефонски разговори во последните денови не откриле никакви елементи кои би го откриле овој напад, пишува „Ле Паризиен“. Неговиот профил наликува на радикализирана личност чиј потенцијал е познат, но кој одеднаш решил да преземе акција, што го отежнувало неговото неутрализирање.

Уапсениот Мохамед, кој е осомничен за убиство на наставникот и ранил две лица, е роден во 2003 година во Русија, наведува изворот на „Ле Паризиен“. Тој влегол во Франција во 2008 година. Неговите барања за азил биле одбиени, но властите не го депортирале поради апсолутната заштита што ја ужива, бидејќи влегол во Франција пред да наполни 13 години.

Во јуни, Сириец избоде неколку лица во парк во Франција. Тој сакал статус на бегалец, но е одбиен и тоа се сметаше за мотив за нападот. 

Слично

Поврзани вести