Мажот зад серијата напади во Џакарта – локален интелектуалец!
Бахреин Наим - човекот кој стои зад нападите на „Исламска држава“ (ИД) во Индонезија, е домороден џихад интелектуалец, соопштува Ројтерс.
Петмина бомбаши и двајца цивили загинаа во овој прв удар на Исламска држава против Индонезија - најбројната муслиманска земја во која групата сака да изгради палати за својот „калифат“.
Пред седум години Наим кротко управувал со интернет кафе во малиот индонезиски град Соло. Вчера тој беше именуван од полицијата како организатор на смртоносниот напад во Џакарта. Според властите тој ги влече конците (потекнува) од градот Рака, фактичката престолнина на радикалната група во Сирија.
Наим бил уапсен во 2011 година за нелегално поседување на оружје и затворен на три години. Полицијата вели дека потоа се издигнал до клучен пост во радикалните кругови настанати околу Соло и во централниот дел на островот Јава.
Пред една година ја напуштил Индонезија, за да влезе во првите редови на Иламска држава.
Уште пред неколку недели имаше навестувања за тоа што претстои да се случи. По координираните напади во Париз во ноември овој воинствен интелектуалец објавува блог, во кој им објаснувал на своите следбеници колку е лесно џихадот, односно „партизанската војна“ во екваторската џунгла во Индонезија да биде префрлена во некоја град.
Ројтерс утврди на 24 ноември контакт со Наим преку социјалната мрежа за кодирани пораки „Телеграм“, искористувајќи информации стекнати од еден од неговите соработници. Како одговор, тој рекол дека има доволно поддржувачи на ИД , кои „ќе извршат акција“ во Индонезија. „Само почекајте го вистинскиот момент“, рекол човекот, претставувајќи се како Наим. Вчера тој не беше отворен за коментар. Експертите за разузнавањето велат дека наскоро по размената на пораки по „Телеграм“ разузнавачките служби почнале да собираат податоци од “четови“ во мрежата дека нападот во Индонезија престоел.
„Пораки меѓу исламистите биле организирани минатиот месец и за прв пат се разговарало за еднократен напад“, вели еден експерт за безбедност од Џакарта, кој по нарачка од владата ги следи дискусиите на радикални групи во мобилниоте пораки.
Претставници на контратерористичките служби веруваат дека во Индонезија има најмалку 1.000 симпатизери на радикалната џихад група.
Прислушувањата им дале насоки на полицијата да уапси повеќе од 12 мажи во густо населениот остров Јава, осомничени за планирање на напади за време на празниците Рождество и Нова Година. При полициските акции беа откриени материјали за изготвување на бомби, појаси за бомбаши-самоубијци и „Насоки за џихад“. Полицијата соопшти дека некои од фатените добиле финансирање и поддршка од Наим, според кого Индонезија треба да биде управувана исламистичка држава.
За нападите во Џакарта беа приведени три лица.
Веќе извесно време Наим ги планирал нападите во индонезиската престолнина, рече во четвртокот шефот на полицијата во Џакарта Тито Карнавиан. Тој додаде дека Наим имал амбиција да стане водач на „ИД“ во Југоисточна Азија.
Сиднеј Џонс, која работи во Џакарта како експерт по воинствен ислам кон Институтот за политика на анализи на конфликтите, во својот извештај во ноември, предупреди дека има минимална шанса за напад во Индонезија како тој во Париз. Но тогаш таа предупреди дека заканата расте под носот на властите. Таа истакна дека во еден свој пост во блог со наслов „Лекции од нападите во Париз“, Наим ја повикува својата индонезиска публика да го истражува планирањето, изборот на целите и времето, координацијата, обезбедување и храброста на париските џихадисти.
Дури експертите истакнаа дека релативно малиот број жртви во Џакарта сведочеше дека сторителите се локални, лошо вооружени и со мала или никаква подготовка. Во размената на пораки во „Телеграм“ Наим зборува и за банални нешта, објаснува дека е задоволен од животот во Сирија и дека нема намера да се враќа во Индонезија. „Одам таму, во зависност од тоа каде нашиот Емир ни наредува. Убаво е тука во Сирија. Има струја, домување, вода и тоа бесплатно. Нивните услуги се поевтини отколку во Индонезија“, вели тој.
