Мажд Алгафари: САД создава терористички групи
Мажд Алгафари, преведувач од арапски и познавач на процесите во арапскиот свет, изјави дека исламистичките групи Ал каеда и Исламска држава се едно исто.
Тој е категоричен дека претстојат уште терористички напади во Европа, но никој не знае каде и кога точно.
„Ние од кога почнавме да зборуваме за Исламска држава ? Грубо кажано од 2011 година - тогаш, кога беше убиен Осама Бин Ладен. Тогаш големи сили како САД рекоа „ете,го убивме Осама Бин Ладен, ја нема веќе Ал Каеда, завршивме со нив"- вели тој.
Понатаму раскажува дека се појавила ИД која е исто што и Ал Каеда.
„Ова е истата група, тоа се истите луѓе. Проблемот со развојот на оваа група е дека тие се обиделе да направат навистина вистинските муслимани да се вклучат во оваа група. Вистинските муслимани нема да се вклучат. Вистинските муслимани никогаш не би убивале, никогаш не би силувале“ - додава преведувачот.
Поради оваа причина САД презедоа друга тактика, зедоа борци од Европа и од целиот свет. Секоја од овие групи има свои обврски и тие ги извршуваат, додава Алгафари.
