Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маж со појас со експлозив уапсен во Брисел

Маж со појас со експлозив уапсен во Брисел

Белгиската полиција уапси маж кој според непотврдени информации носел експлозив во близина на трговски центар во централниот дел на Брисел.

Свикана е средба на премиерот со националниот центар за реакција при кризи. Кризниот центар, кој ги координира мерките за безбедност, одржува заедничка седница со премиерот Шарл Мишел, за да разговара за инцидентот. Мишел го оценил случајот како многу сериозен.

Областа околу трговскиот центар City2, кој е еден од најпосетените во белгиската престолнина, е опколен.

„Утринава околу 5.30 часот е уапсен маж, за кој постои веројатност дека носел експлозив. Во моментов посветен тим проверува дали ова е вистина“ - вели портпаролот на обвинителството во Брисел.

На 22 март приврзаници на групата „Исламска држава“ извршија два самоубиствени напади на аеродромот „Завентем“ и на метро станица во градот, при што загинаа 34 лица.

Слично

Поврзани вести