Маж нападна со нож минувачи во Германија и рани жена
Во германскиот град Магдебург синоќа неидентификуван маж нападна со нож минувачи.
Тешко повредена е 64-годишна жена. Таа е однесена во болница, а животот и е надвор од опасност.
Полицијата соопшти дека напаѓачот успеал да избега, но се трага по него.
Според очевидците биле повредени уште најмалку двајца луѓе.
Полицијата трага по напаѓачот. Според првичните информации станува збор за маж на возраст меѓу 25 и 35 години.
Неговите мотиви за нападот остануваат непознати.
Слично
