Маж кој планирал напади во Франција уапсен во Украина
Властите во Украина сооопштија дека е уапсен француски дражавјанин на границата со Полска, кој носел оружје и експлозив.
Тој наводно планирал да изврши напад во Франција. Медиумите јавија дека се работи за 25 годишен маж, а според Ројтерс тој уште е држен од украинските власти во очекување на можно барање за негова екстрадиција во Париз.
Француското министерство за внатрешни работи информира дека случајот го водат правосудните власти.
САД во вторникот ги предупредија своите државјани на можни нови терористички напади во Европа. Меѓу можните цели е наведено и европското фудбалско првенство коешто ќе започне на 10-ти јуни во Франција.
Слично
