Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маж го тужи Епл бидејќи уредите на компанијата прикажуваат порнографија

Маж го тужи Епл бидејќи уредите на компанијата прикажуваат порнографија
Адвокатот од Тенеси, Крис Севир поднесе тужба против Епл бидејќи „производите на компанијата го изложуваат на морален пад." Кажано на друг начин - Севир го тужи Епл бидејќи уредите на компанијата можат да репродуцираат порно. Тој тврди дека практично е жртва на оваа нивна функционалност. Неговата жалба од 50 страници почнува со тоа дека тој го обожава Епл , но понатаму бара компанијата да стави некој вид на "безбеден режим", кој блокира порнографските содржини во таблетите iPad, телефоните iPhone и компјутерите на компанијата. Сето тоа започнува кога Севиир се обидувал да влезе на Facebook. Тој без да сака го погрешил името на сајтот на социјалната мрежа, а грешката го одвеле на F *** book.com. Ова вели тој, му предизвикало психички немир, а во судските документи се наведува дека: „Тужителот веќе не можел да утврди разликата помеѓу интернет порнографија и реален сексуален однос, поради интернет содржини, до кои имал пристап преку производите на Епл, кои на никаков начин не го предупредиле за опасноста на интернет порнографијата.“ Тоа се разбира му направило проблеми дома, а тужителот почнал да доживува привлечност кон помлади и поубави девојки од неговата сопруга, која веќе не била на 21 година, пишува во тужбата.  
Слично

Поврзани вести