Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЖ СО НОЖ ИЗБОДЕ ЧОВЕК ВО ФРАНЦИЈА: За очевидците чудо е што жртвата преживеа

МАЖ СО НОЖ ИЗБОДЕ ЧОВЕК ВО ФРАНЦИЈА: За очевидците чудо е што жртвата преживеа

Маж во Франција е избоден со нож во вратот, откако случајно се удрил во напаѓачот додека поминувал во метро-станицата. 

Полицијата го уапси мажот што избоде човек во вратот во францускиот град Лион. Член на семејството на напаѓачот го пријавил во полиција откога го препознал кога видеото од нападот станало вирално.
Полицијата го уапсила напаѓачот вчеравечер во неговиот дом во областа Венисие, јавуваат француските медиуми.

Настанот се случил во неделата, веднаш откога напаѓачот се симнал од возот на метро-станицата Гилотиер во Лион. На снимката од надзорната камера се гледа како тој се упатува кон скалите кога друг маж случајно се судри со него. Се чини дека тие накратко размениле неколку зборови пред напаѓачот да го брка човекот и да му забие нож во вратот. Тој потоа мирно се оддалечил, а жртвата ја ставила раката на раната и збунето гледала наоколу. Очевидците сметаат дека е чудо што нападнатиот човек преживеал. 

Слично

Поврзани вести