Маж се обиде да ја запали Аја Софија во Истанбул
Турската полиција го уапси мажот кој синоќа се обиде да подметне пожар во црквата – џамија Аја Софија во Истанбул. По завршувањето на молитвите, непознат маж облечен во шорцеви се качил зад говорницата и запалил хартии, потпалувајќи го килимот.
Жена која се молела го забележала чадот и го известила обезбедувањето на храмот, додека еден од верниците го изгаснал пожарот кревајќи го запалениот тепих.
Сторителот го идентификувале од безбедносните камери на храмот и го уапсиле неколку часа подоцна, а потоа е утврдено дека има историја на проблеми со менталното здравје. Тој е задржан во психијатриска клиника.
Осомничениот сторител Месут Гучлу по испрашувањето е спроведен во притвор. Истрагите открија дека човекот претходно се лекувал во Болницата за ментални и нервни болести во Бакиркој.
Властите изјавија дека по инцидентот ги зголемиле безбедносните мерки за заштита на историските и религиозните места.
