МАЖ НА ВОЗРАСТ НА СТУДЕНТ ОБЛЕЧЕН ВО ЦРНО: Oва лице можно е да е убиецот на Кирк
Американските истражители објавија фотографии од можниот убиец на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк и ја пронајдоа пушката за која веруваат дека e употребена во вчерашното пукање на Универзитетот Јута Вели во градот Орем. Тие го опишаа осомничениот како маж со возраст на студент облечен во црно.
Триесет и едногодишниот Кирк беше еден од најугледните конзервативни активисти во САД и близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, на кого му помогна да привлече голем број гласови на младите на ланските избори. Напаѓачот го уби со еден куршум испукан од снајпер од покривот на зграда додека држеше говор на јавен настан пред 3.000 луѓе.
ФБИ понуди награда од 100.000 долари за информација која би довела до фаќањето на убиецот.
