Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маж му удри шлаканица на Емануел Макрон

Маж му удри шлаканица на Емануел Макрон

Mаж му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон при официјалната посета на Дром, регион во југоисточна Франција.

Макрон се приближува до ограда зад која стојат луѓе, кога еден од присутните го фати за рака и потоа му удри шлаканица. Обезбедувањето веднаш го тргна Макрон настрана, а двајца се уапсени во врска со инцидентот. Кога човекот му удри шлаканица на францускиот претседател, се слушна извик „Долу Макронизмот’. Видео од инцидентот се појави на социјалните мрежи. 

Претходно, екс генерали му се заканија со пуч на Макрон. Тие обвинија дека Макрон не може да го спречи распадот на земјата кој го прават исламистите. Франција последните години се соочува со терористички напади кои ги извршуваат радикални исламисти. На мета беа полицајци, свештеници, професори, обични граѓани. 

Слично

Поврзани вести