МАТИС ЗА ТРУЕЊЕТО НА СКРИПАЛ: Руската влада се крие зад обидот за убиство
Според министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија е „обид за убиство", што го извршила руската влада.
Матис изјави дека нападот, кој создаде бран на протерувања на руски дипломати од западните држави, бил „сосема очигледно" изведен со хемиски агенс и додаде дека ова е прв напад со хемиско оружје во Европа од Втората светска војна.
На новинарско прашање дали тоа може да се смета за чин на војна, Матис рече дека се работи за форма на руска акција, во која претседателот Владимир Путин верува дека може веродостојно да ја негира вмешаноста.
Слично
