Матис: Тестовите на Северна Кореја се непромислен потег
Првиот човек на одбраната на САД Џејмс Матис изјави дека неуспешното тестирање на рекети што Северна Кореја го изврши во текот на викендот, бил обид на изолираната земја да испровоцира нешто и оти САД ќе соработува со Кина во обид да се намалат тензиите.
Тој, пред посетата на повеќе земји од Блискиот Исток, посочи дека и покрај последното тестирање што го изведе Пјонгјанг не беше проба на интерконтинентални балистички ракети и оти станува збор за нерпромислен чекор.
– Тоа покажува поради што сега блиску соработуваме со Кинезите, а тоа е за да ставиме под контрола и дека целта ни е Корејскиот Полуостров да биде без нуклеарно оружје, посочи Матис.
Слично
