MasterCard за прв пат воведе „Нулта одговорност“ за целиот свет
„MasterCard“ го објави првото решение на индустријата за да им обезбеди на нивните клиенти единствен ангажман за „Нулта одговорност“ (Zero Liability) низ целиот свет. Според новата програма, „cardholders“ поединци и мали претпријатија ќе се радуваат на додадената заштита од неовластените трансакции.
Освен зголемено ниво за заштита на личните податоци и Профилни информации, клиентите на „MasterCard“ нема да носат одговорност за злоупотреба на нивната дебитна - кредитна картичка.
Нулта одговорност има за цел да ги заштити корисниците од неовластени трансакции, под услов „картичката е разумна грижа во тоа да ја зачува вашата картичка од ризик или загуба“. Покрај тоа, кога картичката ќе се загуби или украде, веднаш треба да се поврзете со банката која ја издала или ја има обезбедено картичката, објаснија од компанијата.
Изменетото правило важи за: - Трансакции на ПОС-терминал, вклучувајќи базирани на ПИН, трансакции при влечење на пари од банкомат, како и за онлајн или мобилни трансакции со картички MasterCard, Maestro или Cirrus; - Трансакции извршени со помош на кредитни, дебитни картички, за физички лица или за мали бизниси или при-пејд картички, регистрирани на корисникот, како и кобрендирани картички MasterCard, под услов во моментот на купувањето да е изберен бренд MasterCard.
„Во последните неколку години потрошувачите се повеќе се загрижени за безбедноста на своите податоци и профилните информации, како и за одговорноста што ја носат за неовластени трансакции“, вели Ненси О'Мали, главен директор за безбедност на платниот систем, решенија за корпоративна безбедност, на MasterCard . „Во соработка со банките издавачите на картичките, со оваа нова глобална програма им даваме на своите картички дополнително спокојство, без оглед на тоа каде живеат или каде патуваат“.
Промените го зголемуваат и прошируваат минималниот стандард за заштита на потрошувачите против неовластени трансакции и се наменети да работат паралелно со важечките локални закони, со кои им се потчинуваат. Новата програма го осовременува и поедноставува постоечкиот ангажман, како одговор на потребите на современиот дигитален пазар.
Во октомври 2014 картичките на „MasterCard“ во САД први го искористија новото правило. До почетокот на вториот квартал на 2016 тоа ќе ги покрие сите региони.
