Масовно убиство во Тексас: Убиени 21 во шопинг-мол
Патрик Крузиус, 21-годишно момче, синоќа уби 20 луѓе пред трговски центар на Волмарт во Ел Пасо во американската сојузна држава Тексас, а 28 луѓе се ранети. Напаѓачот е уапсен, соопштија властите.
Масовниот убиец е од Алан, град на околу 1000 километри од Ел Пасо. Кога отворил оган со автоматот AK-47 луѓето панично почнале да бегаат од трговскиот центар.
На снимките од надзорните камери кои ги објави локалната телевизија КТСМ, се гледа напаѓачот кој носи очила, бела маица и панталони, и пушка. На ушите има слушалки или заштитници.
Oва е осмиот најсмртоносен напад во модерната американска историја и најголем во САД оваа година. Само пред шест дена вооружен тинејџер уби тројца луѓе на фестивал за храна во Северна Калифорнија.


