Економија, финансии, бизнис

Контакт

Масовно пукање во Луизијана: Најмалку осум лица убиени, меѓу жртвите има и деца

Масовно пукање во Луизијана: Најмалку осум лица убиени, меѓу жртвите има и деца

Најмалку осум лица, вклучувајќи деца, беа убиени, а неколку други ранети во масовно пукање во градот Шривпорт, третиот најнаселен град во американската држава Луизијана, додека осомничениот стрелец е исто така мртов, соопшти денес локалната полиција.

Според полицијата, пукањето се случило рано утрово по локално време, а жртвите се на возраст од 18 месеци до 14 години.

Две возрасни жени се здобиле со прострелни рани во главата и преживеале, додека едно момче е повредено откако скокнало од покрив, објави локалната телевизиска станица KTBS, филијала на ABC за Луизијана.

Осомничениот, возрасен маж, е убиен во одделен инцидент во округот Босиер Париш.

Голем број полициски сили остануваат на местото на настанот, а според првичните информации, случајот има елементи на семејно насилство.

Истрагата е во тек, а властите најавуваат дека повеќе информации ќе бидат објавени подоцна.

Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести