Економија, финансии, бизнис

Контакт

Масовно присуство на погребот во Иран на офицерите и научниците, се појави и Шамкани

Масовно присуство на погребот во Иран на офицерите и научниците, се појави и Шамкани

Во Иран се одржа државен погреб за околу 60 лица, вклучувајќи воени команданти и нуклеарни научници, убиени за време на 12-дневниот конфликт со Израел.

Погребот беше со масовно присуство на семејствата на жртвите, како и војници, студенти, владини претставници и илјадници граѓани. На погребот присуствуваше и главниот советник на иранскиот ајатолах Али Шамкани, негирајќи ги извештаите во иранските и израелските медиуми дека самиот Шамкани е меѓу жртвите.

Службениците потврдија дека меѓу жртвите имало неколку воени команданти, научници и цивили, вклучувајќи четири деца и четири жени.Церемонијата се одржа на вториот ден од светиот месец Мухарам.

Собраните граѓани носеа црна облека во знак на жалост и извикуваа слогани во поддршка на Исламската Република и нејзините воени лидери.

По должината на рутата на погребната поворка беа изложени транспаренти со имињата на загинатите, вклучувајќи го генералот Хаџизаде и нуклеарните експерти.

Многу граѓани поставија лични предмети на телата на загинатите како знак на почит и верба во жртвата што ја дадоа „за Иран, револуцијата и системот“.

Иран вели дека вкупно 600 луѓе се убиени низ целата земја во серија напади што ги припишува на Израел, вклучувајќи 12 членови на едно семејство кои, според иранските власти, биле убиени во еден од нападите.

Главниот советник на иранскиот ајатолах, Али Шамкани, присуствуваше на погребот, негирајќи ги обвинувањата на иранските и израелските медиуми дека самиот Шамхани е меѓу жртвите.

Израелските и иранските медиуми претходно објавија дека Шамкани починал во болница откако бил ранет во еден од израелските напади, тврдење што подоцна го негираа, објави Си-Ен-Ен.

Шамхани претходно беше највисок функционер за национална безбедност на Иран и го претставуваше Иран во разговорите за приближување со Саудиска Арабија, посредувани од Кина.


Слично

Поврзани вести