Масовниот убиец Брејвик ја тужи Норвешка за „нехуман” третман
Масовниот убиец Брејвик ја тужи Норвешка за “нехуман" однос, пренесоа светските агенции.
Не се однесувале добро со него при престојот во затвор. Човекот кој лежи во затвор затоа што застрела над 70 лица, ја тужи норвешката држава за прекршување на две клаузули од Европската конвенција за човекови права. Едната од нив го гарантира правото на личен и семеен живот и кореспонденција, а другата забранува нехуманото однесување и изолација на затвореници.
„Судот заклучи дека условите во затворот претставуваат нехумано однесување"- гласи одлуката на Окружниот суд во Осло.
Тоа се темели на фактот дека масовениот убиец бил држен во изолација од другите затвореници речиси 5 години. Според судот сепак правото на Брејвик на кореспонденција не е нарушено. Брејвик изврши два терористички напади на 22 јули 2011 година, во кои загинаа над 70 лица.
