Економија, финансии, бизнис

Контакт

Масовни судири помеѓу христијаните и муслиманите во Шри Ланка

Масовни судири помеѓу христијаните и муслиманите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка наметна рестрикции на слободното движење во Негомбо, северно од главниот град Коломбо, по насилните судири меѓу христијаните и муслиманите, две недели по бројните бомбашки напади во цркви и хотели и еден ден пред повторно да се отворат училиштата во островската земја во Индискиот океан.

Властите, исто така, го ограничија пристапот до социјалните мрежи за да го спречат ширењето на лажни вести и говорот на омраза.

Одлуката за спречување ескалација на насилството беше донесена од страна на полицијата. Еден од бомбашките напади на католички Велигден се случи во една црква во Негомбо и при тоа загинаа околу 100 луѓе.

Досега не се пријавени жртви во меѓуверските судири, туку само материјална штета.

Најголемиот меѓународен аеродром во Шри Ланка е во оваа област, но полицијата увери дека сообраќајот не е нарушен.

Ова се првите конфликти помеѓу муслиманите и христијаните, објавени по нападите на 21 април, за што одговорноста ја превзеде ИД.


Слично

Поврзани вести