Масовни штрајкови во 55 градови низ Шпанија
Низ улиците на Мадрид, Барселона и повеќе шпански градови, илјадници лица вчера излегоа на протести против мерките за штедење кои ги воведе шпанската влада. Водечките синдикати и други организации свикаа протести во 55 градови во земјата.
Шпанците се незадоволни од намалувањето на пензиите, скратувањето на помошта за невработените, намалувањето на трошоците за образованието и здравството и другите економски мерки.Како што истакна шпанскиот премиер Мариано Рахој, во економијата веќе се видливи позитивни знаци како зголемувањето на извозот и на приходите од туризмот.
„Нема лесни одговори за тешки ситуации, ние правиме такви обиди, бидејќи наша должност е да ја подобриме оваа ситуација“, изјави Рахој, чија Влада се бори да го намали буџетскиот дефицит и да ја извади земјата од рецесија.
Слично
