Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ЗА ОДБРАНА НА НАВАЛНИ: Уапсени се повеќе од 4.500 демонстранти ширум Русија

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ЗА ОДБРАНА НА НАВАЛНИ: Уапсени се повеќе од 4.500 демонстранти ширум Русија

Масовни протести има во Русија. Полиција денеска уапси повеќе од 4.500 учесници во демонстрациите низ целата земја кои бараа ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Десетици илјади луѓе излегоа на протест, скандирајќи против претседателот Владимир Путин. Соработниците на Навални ги повикаа граѓаните на нов протест во вторник, кога е закажано рочиште на кое условната казна може да му биде променета во затворска од три и пол години. Руските власти се обидоа да ги обесхрабрат денешните демонстранти со закани и предупредувања, откако минатиот викенд десетици илјади луѓе излегоа на најмасовните протести во последните неколку години во Русија, барајќи ослободување од затвор на Навални. 

Навални, кој инаку е познат по објавувањето бројни извештаи за корупција во Русија на Путин, беше уапсен на 17 јануари, веднаш по враќањето од Германија, каде се опоравуваше пет месеци од труење со хемикалии, нешто за што го обвинува Кремљ. Руските власти негираат дека се вмешани во труењето на Навални.

Во Москва имаше затворање на метро станици во близина на Кремљ, забрана за сообраќај со автобуси и работење на ресторани и продавници. Таму се уапсени околу 1.450 лица, вклучувајќи ја и Јулија Навални, сопругата на Алексеј Навални.

фото АP

Слично

Поврзани вести