Масовни протести во Шпанија против економската политика на Владата
Десетици илјади луѓе во Шпанија протестираа денеска ширум државата заради големата невработеност која како што тврдат, е резултат на владината неспособност да ја води економијата како и заради корупциски скандали.
Протестите во Мардид и 60 други места ги закажаа околу 150 организации меѓу нив и синдикати.
Многу демонстранти истакнаа пораки против премиерот Рахој и владејачката Народна партија за која се поврзани голем број истраги заради корупција.
Според полицијата, во Барселона имало околу 20.000 демонстранти, но властите не излегоа со податоци за демонстрациите во Мадрид.
Невработеноста во Шпанија е 26 отсто, а економијата се наоѓа во рецесија.
Претставник на Генералниот работнички синдикат изјави дека е јасно оти народот ги отфрлил владините остри мерки за штедење за кои тврди дека многумина ги туркаат во сиромаштија и од демократија.
