Економија, финансии, бизнис

Контакт

Масовни протести во Египет-18 загинати, над 600 повредени

Масовни протести во Египет-18 загинати, над 600 повредени

Најмалку седум луѓе загинаа, а повеќе од 600 се ранети синоќа во судирите меѓу поддржувачите и противниците на египетскиот претседател Мохамед Морси.

Големиот број на луѓе кои што во текот на ноќта излегоа на демонстранции низ улиците на Египет побараа од претседателот Мохамед Морси да се повлече од претседателската функција.

Демонстрантите предводени од младинското движење „Бунт“ му дадоа ултиматум на Морси до 17 часот да го напушти претседателското место и на државните структури да им овозможи да организираат предвремени избори.

Како што пренесуваат светските медиуми насобраниот народ се судрил со полицијата, но и со поддржувачите на Морси кој на претседателското место се наоѓа една година.

Во судирите кои што се случија за време на викендот загинаа 11 лица, додека во синоќешните немири бројката се зголеми за уште седумина.

Покрај полицијата доколку дојде до ескалирање на ситуацијата ќе интервенира и војската.

Според процената на воените извори, во демонстрациите на улиците на египетските градови учествувале повеќе милиони луѓе, а само на каирскиот плоштад Тахрир, 500 илјади.

Слично

Поврзани вести