Масовни протести ја тресат Германија против трговскиот договор на ЕУ-САД
Помеѓу 163 000 и 320 000 луѓе се собрале денес во седум германски градови на протестите поради договорот за слободна трговија помеѓу Европската унија и САД (ТТИП) за кој се преговорите во тек.

Организаторите на собирите, околу 30 невладини организации, синдикати и политички партии, наведуваат дека се собрале околу 320 000 луѓе, додека полицијата оценила деа биле повеќе од 163 000 до 188 000. Во Берлин се собрале околу 50 000 до 70 000 и покрај дождот. Големите собири имало и во Хамбург и Минхен, а помали во Франкфурт, Келн, Штутгарт и Лајпциг.
Демонстрантите во сите градови носеле плакати со натписи „Демократија наместо ТТИП“ и „Не и не“.

Покрај ТТИП чие продолжение на преговорите се очекува во почетокот на октомври, демонстрантите изразиле противење спрема спогодбата на ЦЕТА, за слободна трговија со Канада, чие потпишување се очекува кон крајот на октомври. Тие два договори веќе долго ги загрижуваат Германците, додека канцеларката Меркел инсистира договорите да создадат нови работни места.

Противниците наведуваат дека Трансатланскиот договор за трговија и инвестиции помеѓу САД и ЕУ (ТТИП) ги доведува во прашање европските стандарди за заштита на животната средина и права на потрошувачи.

Следбениците на договорот тврдат дека тој ќе допринесе за јакнење на глобалната економија.
Германскиот министер за економија Зигман Габриел изјавил минатиот месец дека преговорите за слободна трговија помеѓу ЕУ и САД де факто пропаднале , но Брисел и Вашингтон брзо ги демантираа нивните тврдења.
Преговорите за слободна трговија помеѓу ЕУ и Канада благо напредуваа, и покрај загриженоста на Франција, Германија и Австрија.
