Економија, финансии, бизнис

Контакт

Масовни откажувања на летови низ Европа: Штрајкот на познатата авиокомпанија предизвика хаос

Масовни откажувања на летови низ Европа: Штрајкот на познатата авиокомпанија предизвика хаос

Штрајкот на пилотите и кабинскиот персонал на Луфтханза денес доведе до масовни прекини во воздушниот сообраќај, предизвикувајќи откажување на стотици летови на најголемата германска авиокомпанија низ целата земја.

Според синдикатот УФО, најавениот целодневен штрајк започнал во текот на ноќта, што Луфтханза го потврди.

Компанијата сè уште не го даде точниот број на откажани летови, но предупреди за значителни откажувања и значително намален распоред на летови, објавува „Виершафтсвое“.

На аеродромите како Франкфурт и Берлин, според достапните поаѓања, Луфтханза задржала само мал број летови.

Авиокомпанијата ги советува патниците да добиваат информации преку дигитални канали и да не доаѓаат на аеродромите без претходна потврда за летот, а враќањето во нормала не се очекува до петок.

Околу 4.800 пилоти на Луфтханза и Луфтханза Карго учествуваат во штрајкот, барајќи повисоки придонеси од работодавачите во пензиските фондови.

Покрај тоа, околу 20.000 претставници на кабинскиот персонал, исто така, започнаа предупредувачки штрајк за да извршат притисок врз преговорите за колективно договарање, да поддржат социјален план за вработените во Луфтханза и регионалниот Ситилајн и да заштитат околу 800 работни места кои се во опасност.

Управата на Луфтханза го опиша штрајкот како „целосно непотребна ескалација“.

Михаел Нигеман, член на одборот одговорен за човечки ресурси, изјави во Берлин дека барањата на синдикатот ќе доведат до понатамошно значително зголемување на трошоците, за што, според него, нема доволно средства.

Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести