Економија, финансии, бизнис

Контакт

Масовни гробници „никнуваат“ во Либија по поплавите

Масовни гробници „никнуваат“ во Либија по поплавите

Повеќе од илјада луѓе кои загинаа во разорните поплави кои го погодија градот Дерна во Либија, денеска се погребани во масовни гробници.

Локалната власт стравува дека до 20.000 луѓе настрадале во поплавите по пукање на браната во овој либиски град во неделата навечер. Здравствените лица потврдија 5.100 смртни случаи и велат дека 9.000 луѓе и натаму се водат како исчезнати.

Најмалку 30.000 луѓе се раселени во Дерна. Градот е со околу 100.000 жители и таму две брани пукнаа поради обилните дождови, но и не биле соодветно одржувани. 

Министерот за здравство во владата којшто го контролира истокот на Либија, Отман Абдулџали, денеска соопштил дека во масовните гробници погребани се 3.000 луѓе додека се прави подготовка за погребување на уште 2.000 жртви.

Слично

Поврзани вести