Масовни грабежи има во Венецуела по разорните земјотреси
Масовни грабежи има во Венецуела по земјотресите во кои загинаа најмалку 188 луѓе, а илјадници се исчезнати.
Во Ла Гуаира, денеска, десетици луѓе влегле во неколку продавници уништени во двата земјотреса што вчера ја погодија Венецуела.
Според венецуелскиот портал „Ефекто Кокујо“, групи луѓе се качувале на покривите на урнатите згради и се пробивале низ уништените улици за да влезат во објектите. Од таму земале храна, лекови, но и апарати за домаќинство, меѓу кои телевизори, машини за перење и клима-уреди. Додека траеле грабежите, било забележано движење на интервентни единици на патот што ја поврзува Ла Гуаира со Каракас. Потресите беа со јачина од над 7 степени. Венецуела со години тоне во сиромаштија, и претходно имаше кражби по продавници.
Слично
