Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАСОВНА МОБИЛИЗАЦИЈА: Прорускиот водач собира 100 000 луѓе за борби во Доњецк!

МАСОВНА МОБИЛИЗАЦИЈА: Прорускиот водач собира 100 000 луѓе за борби во Доњецк!

Лидерот на сепаратистичката самопрогласена република Доњецк на истокот од Украина денеска изјавил надеж дека во наредните денови ќе се мобилизираат 100 000 луѓе за борба против украинските сили со кои борбите се распламтуваат.

„Општа мобилизација ќе биде прогласена во ДНР за 10 дена, предвидена е мобилизација до 100 000 лица“, рекол Александар Захраченко (38) пренесува официјалната сепаратистичка агенција ДАН.

На истокот од Украина каде речиси десет месеци војуваат украинските сили и проруските бунтовници, минатиот викенд борбите се зголемиле и загинале 50 војници и цивили, а мировните преговори во саботата пропаднаа.

Пет украински војници и седум цивили се убиени на истокот од Украина во последните 24 часа, според податоците кои денеска ги јавија властите во Киев и локалните власти на истокот од земјата.

Според надлежните борбите и понатаму најинтезнивни се околу местото Дебаљцево кое го држат украинските сили, а сега речиси целосно е опколено од проруските бунтовници.

Слично

Поврзани вести