Масовен протест во Берлин против ТТИП
Десетици илјади граѓани протестираа денеска во германската престолнина Берлин против плановите на Европската унија за склучување на трансатлантскo трговско и инвестициско партнерство со САД (ТТИП - TTIP) и Канада (Ceta).
Во моментов не е пријавен точниот број на учесниците, но се претпоставува дека тој нема да надмине 50 000. Според полициски податоци, бројот на демонстрантите е 45 000. Многу од нив дошле до главниот град со посебни возови. Организаторите - Сојуз од критичарите на глобализацијата, бранители на животната средина и правата на корисниците, како и синдикатите, изјавиле дека на протестот ќе учествуваат 250 000 луѓе од целата земја.
Демонстрантите се загрижени дека преку договорот корисниците ќе ги изгубат досегашните свои социјални права за сметка на големите корпорации. На големи транспаренти се читаат натписи како „Да ја спречиме TTIP & Ceta! За фер глобална трговија“ и други. Настанот го обезбедуваат над 1000 полицајци.
Потсетуваме дека ЕУ и САД преговараат од 2013 година за создавање на трансатланска зона за слободна трговија.
Германската влада на чело со Ангела Меркел решително го поддржува договорот, тврдејќи дека тоа ќе ја стимулира трговијата и светската економија. Според канцеларката тоа би и помогнало на ЕУ конечно да се опорави од ефектите на должничката криза.
Во германското општество сепак договорената средба добила силен отпор, бидејќи многумина стравуваат од избегнување на стандардите за квалитет на единствениот пазар и поместување на европските стоки од поевтините, но нискокласираните американски производи.
