Економија, финансии, бизнис

Контакт

Масовен марш во Каталонија против отцепувањето

Масовен марш во Каталонија против отцепувањето

Десетици илјади Каталонци излегоа на марш во Барселона во знак на противење на сепаратистите кои сакаат регионот да го отцепат од Шпанија при што повикаа на национално единство и прекинување на активностите по референдумот кој доведе до инциденти и судири со националната шпанска полициска гарда при што над 500 беа повредени.

Сепаритизмот според демонстрантите нема да и донесе ништо добро ниту на Каталонија, ниту на Шпанија поради огромните грижи за нова економска криза, но и можни инциденти и загрозување на безбедноста.

Утре регионалната влада во Каталонија предводена од Пеџдемон се подготвува да прогласи независност, но на ваквата одлука остро ќе се спротистави централната влада во Мадрид. Премиерот Рахој посочи дека е подготвен да и ја одземе автономијата на Каталонија доколку не дојде до разумен дијалог.

На референдумот над 90% од жителите на Каталонија се изјаснија дека се за независност, но власта во Мадрид посочи дека истиот е незаконски бидејќи не беше одобрен од судот.

Слично

Поврзани вести