Масовен лов на радиоактивни диви свињи во Јапонија
Една од последиците на нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011-та е размножувањето на голем број на диви свињи кои сега се населени во испразнетите градчиња Томиока и Намие кои се наоѓаат во испразнетата зона во радиус од дваесетина километри.

Бидејќи постојано се врши реставрација на регионот се очекува да се вратат и првите „нуклеарни“ бегалци, па за граѓаните да продолжат нормално да живеат се врши масовен лов на огромниот број на диви свињи.

Тие се хранат со радиактивни растенија и затоа месото од уловот не е наменета за човечка исхрана. Јапонската влада има ангажирано и ловци да ја намалат популацијата на диви свињи, па годишно се уловуваат над 300 примероци.
Слично
