Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАСКИРАНИ ХУЛИГАНИ ГО ДЕМOЛИРАА ЦЕНТАРОТ НА ХАМБУРГ - Полицијата ги смируваше со водени топови (ВИДЕО)

МАСКИРАНИ ХУЛИГАНИ ГО ДЕМOЛИРАА ЦЕНТАРОТ НА ХАМБУРГ - Полицијата ги смируваше со водени топови (ВИДЕО)

Во Германија синоќа, за време на прославата на Ноќта на вештерките имало големи нереди, поради што морала да интервенира и полицијата, а најтешка била ситуацијата во Хамбург, пишуваат тамошните медиуми. Полицијата била приморана да употреби водени топови и штитови за да ги разбие демонстрациите.

Инцидентите се случиле околу 19 часот кога голема група маскирани млади лица се појавиле пред маркетот и го демолирале. На местото на настанот полицијата пронашла дури два молотови коктели.

Група маскирани млади употребиле и петарди и запалиле неколку контејнери. Во текот на вечерта низ градот се слушаа детонации.

Медиумите јавуваат дека иако првично итните служби се обиделе да ја потиснат толпата која првично се сметало дека брои меѓу 150 и 200 луѓе, повикувајќи се на изјава на портпаролот на службата, подоцна било утврдено дека групата е многу поголема.

Се претпоставува дека во нередите учествувале 300 до 350 луѓе, кои фрлале петарди на службите, кои беа принудени да се бранат со водени топови.


Претежно помлади мажи и тинејџери ја гаѓале полициската патрола со петарди, а биле запалени и неколку контејнери. При интервенцијата полицијата запленила неколку подготвени молотови коктели.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести