Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАСКИРАН УБИЕЦ И ИЗГРАВИРАНИ ЧАУРИ, ПОЛИЦИЈАТА ДАВА 10.000 ДОЛАРИ ЗА КАКВА БИЛО ИНФОРМАЦИЈА: Се бара атентаторот на Брајан Томсон

МАСКИРАН УБИЕЦ И ИЗГРАВИРАНИ ЧАУРИ, ПОЛИЦИЈАТА ДАВА 10.000 ДОЛАРИ ЗА КАКВА БИЛО ИНФОРМАЦИЈА: Се бара атентаторот на Брајан Томсон

Потрагата по напаѓачот, кој е осомничен за убиството на директорот на една од најголемите здравствено осигурителни компании, UnitedHealthcare, Брајан Томпсон пред хотелот Хилтон во Њујорк, се уште трае, а полицијата сега објави награда од 10.000 долари за информации за човекот од фотографиите објавени во јавноста. 

Извршниот директор на компанијата за здравствено осигурување бил застрелан во грбот во средата утрото околу 7 часот од маскиран маж за кој се верува дека долго време го чекал Томпсон пред луксузениот хотел на Менхетен. Од здобиените повреди Томпсон починал во болница.

Надзорните камери на соседниот објект го фатија осомничениот, а во четвртокот наутро беа објавени фотографии на кои се гледа маж облечен во зелено-сива јакна со качулка која има два големи џебови.

На видеото од надзорните камери се гледа друга жена која стои покрај убиецот во моментот на атентатот. Станува збор за жена, облечена во темна облека, а во рацете држи шолја кафе.

На местото на настанот, полицијата пронашла три куршуми од 9 мм и три искористени чаури со изгравирани зборови кои многу личат на насловот на книгата во која се критикуваат осигурителните компании и тактиката што ја користат за да ги негираат побарувањата.

Во истрагата, полицијата пронашла чаури, на кои биле испишани зборовите „отфрли“, „брани“ и „собори“. Инспекторите оттогаш се обидуваат да го разберат значењето на пораката што ја оставил убиецот и да се обидат да утврдат мотив за бруталната ликвидација на милионерот.

NYPD бара од јавноста помош за идентификација на мажот и понуди награда до 10.000 долари за информации кои ќе доведат до апсење на осомничениот, според ажурирањето со фотографии од четвртокот, пренесува wavy.com.

Инспекторите на NYPD ја воделе полицијата во најмалку два хотели на Менхетен во четвртокот наутро, според АП, која објави дека тоа се засновало на дојава дека осомничениот убиец можеби престојувал во една од резиденциите.

„Целосно соработуваме со NYPD и, бидејќи ова е активна истрага, во моментов не можеме да коментираме“, рече портпаролката на хотелот Даниеле Брумфит во изјава за АП.


Слично

Поврзани вести