Маскиран напаѓач со нож влегол во училиште во Шведска, еден човек убиен
Едно лице загина, а шестмина се во болница со повреди откако денеска маскиран напаѓач влегол со нож во раката во училиште во градот Тролхетан, Западна Шведска, соопшти „The Lokal“.
Нападот на непознатиот напаѓач предизвикало паника во училиштето, со што сите ученици биле евакуирани од полицијата. Откако вооружени специјалци влегле во зградата, тие отвориле оган и напаѓачот бил застрелан.
Според полициски информации тој починал, но од болницата во градот не потврдија и соопштија дека се уште се борат за неговиот живот. Шефот на локалната полициска станица Штефан Густафсон потврдил дека има неколку повредени по нападот. Тој изјавил дека немаат идеја што го предизвикало нападот и какви се мотивите на напаѓачот.
На местото на инцидентот има многу полициски автомобили и амбулантни возила. Во училиштето имало околу 400 деца на возраст од шест и петнаесет години.
