Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев

Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев

Откако Европската Унија вчера го казни Х(Поранешно Твитер) со 120 милиони евра поради прекршување на нејзините обврски за транспарентност според Законот за дигитални услуги, сопственикот Илон Маск преку платформата порача дека ЕУ треба да се укине.

„ЕУ треба да се укине, а суверенитетот да им се врати на поединечните земји, за да можат владите подобро да ги претставуваат своите народи“, напиша тој.

Со неговиот став се согласи и поранешниот руски претседател Димитри Медведев, кој меѓу другото вели: „Точно. Ако лудата ЕУ навистина украде замрзнати руски средства за „кредит за репарација“, можеме да го сметаме тоа за casus belli со сите релевантни импликации за Брисел и компанијата. Потоа, овие средства можеби ќе треба да се вратат, не на суд, туку како вистински репарации платени во натура од паднатите непријатели на Русија.


Слично

Поврзани вести