MAСК: Само АФД може да ја спаси Германија
Само АФД може да ја спаси Германија, коментира на X, милијардерот Илон Маск.
Можниот иден канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ) е ужаснат од идејата дека Германија треба да го следи примерот на Илон Маск и Хавиер Милеи.

Маск неодамна ги поддржа европските популистички десничарски политичари со сè појасни термини, вклучително и италијанскатат премиерка Џорџа Мелони и лидерот на популистичката десница во Британија, , Најџел Фараж. Претходно оваа недела, Фараж се пофали дека Маск е „веднаш зад“ него – и ја зголеми можноста дека технолошкиот тајкун финансиски ќе ја поддржи неговата партија Реформа во Обединетото Кралство. Лидерите на АфД се задоволни од поддршката на Маск.
Маск често е во друштво на новиот американски претседател Доналд Трамп, но и постојано ја коментира војната во Украина.
