МАСК ПРАВИ ГОЛЕМА АУКЦИЈА НА ТВИТЕР, КОЈ ЌЕ СТАНЕ СОПСТВЕНИК НА СИНАТА ПТИЦА: Препознатливиот знак го красеше седиштето во Сан Франциско
Мултимилијардерот Илон Маск само неколку недели по
ребрендирањето го продава на аукција знакот на Твитер кој до неодамна беше на
врвот на зградата на компанијата (сината птица), како и други артикли на
компанијата.
Помеѓу 584-те понудени предмети се маси за кафе, кафези со птици и слики во масло, како онаа на поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел.
Неколку десетици маси и столици, како и штанд за диџеи и значителен број музички инструменти се дадени на аукција.
Патем, оваа аукција се нарекува „Ребрендирање на Твитер: онлајн аукција со сувенири, уметност, канцелариски средства и друго!“.
Како што се вели понатаму, еден од понудените ознаки на Твитер е сè уште прикачен на седиштето на компанијата на 10-тата улица во Сан Франциско, поточно познатата сина птица сè уште е поставена на зградата.
Минималната понуда за секој предмет е 25 долари, според аукциската куќа Heritage Global Partners, а наддавањето започнува на 12 септември и е планирано да заврши два дена подоцна.
ФОТО: EPA
