Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАСК НЕ ГО КУПУВА ТВИТЕР, КОМПАНИЈАТА НЕ ГО ПРИФАЌА НЕГОВОТО „НЕ“: Одлуката може да го чини цела милијарда

МАСК НЕ ГО КУПУВА ТВИТЕР, КОМПАНИЈАТА НЕ ГО ПРИФАЌА НЕГОВОТО „НЕ“: Одлуката може да го чини цела милијарда

Илон Маск конечно ги исполни „заканите“ што ги најавуваше и објави дека ја повлекува понудата од 44 милијарди долари за купување на Твитер.

Како причина за неговото повлекување ги наведе повеќекратните прекршувања на договорот за преземање.

Најавата става крај на долгогодишната сага откако Маск, моментално најбогатиот човек на светот, реши да го купи Твитер во април.

Маск се повлече од договорот бидејќи компанијата не обезбедила доволно информации за бројот на ботови и лажни профили.

Бизнис магнатот сега се соочува со отштета од 1 милијарда долари поради кршење на договорот и

Претседателот на Твитер, Брет Тејлор, рече дека тие остануваат посветени на затворање на трансакцијата според условите понудени од Маск и планираат да продолжат со правна постапка. Исто така, додаде тој, тие се убедени во победа на суд.



Слично

Поврзани вести