Маск ќе бил директор на Твитер, додека не најде будала да ја преземе работата?
Илон Маск уште еднаш јавно го бранеше големото намалување на трошоците на Твитер како неопходна мерка за одржување на платформата за социјалните медиуми следната година.
Се верува дека дел од причината за тоа е отплата на долгот поврзан со преземањето на компанијата од Маск по цена од 44 милијарди долари.
„Оваа компанија е како, да речеме, да сте во авион кој се движи кон земјата со голема брзина со вклучени мотори, додека контролите не работат“, напиша јужноафриканскиот претприемач до својата публика на крајот на минатиот месец, јави Танјуг.
Се вели дека ова се случило откако Маск претходно изјави дека планира да остане на функцијата извршен директор на Твитер додека не најде некој подготвен да го замени на оваа функција.
„Ќе поднесам оставка од функцијата извршен директор на компанијата штом најдам некој доволно глупав да ја преземе работата, а после тоа би ги водел само софтверските и серверските тимови“, изјави Маск.
Странските медиуми пишуваат дека откако милијардерот ја презеде платформата за социјалните медиуми во Сан Франциско на крајот на октомври, неговата позиција како извршен директор беше обележана со набрзина издадени правила и деловни политики, кои често беа повлечени или менувани веднаш по објавувањето.
