Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маск ја лансираше компанијата за развој на вештачка интелигенција xAI

Маск ја лансираше компанијата за развој на вештачка интелигенција xAI


Илон Маск во средата го лансираше долго најавуваниот стартап за вештачка интелигенција xAI, откривајќи тим од инженери со кои сака да создаде алтернатива за ChatGPT.

Стартапот ќе биде предводен од Маск, извршниот директор на Tesla и сопственик на Twitter, кој неколку пати изјави дека развојот на вештачката интелигенција треба да паузира и да се регулира.

„Објавување на основањето на @xAI за да се разбере реалноста“, напиша Маск во средата на Твитер.

Во старт-ап тимот се Игор Бабушкин, поранешен инженер на DeepMind, Тони Ву, кој работел за Google, Кристијан Сегеди, истражувач на Google и Грег Јанг, кој работел за Microsoft.

Маск е единствен директор, а Џеред Бирчал, управниот директор на неговата семејна канцеларија, е секретар.


Слично

Поврзани вести