МАСК ИМАЛ КАНАДСКО ДРЖАВЈАНСТВО: Канаѓаните со петиција бараат да му се одземе
Милијардерот Илон Маск има канадско државјанство. Повеќе од 150.000 Канаѓани потпишаа петиција да му биде одземено.
Канаѓаните бараат да му се одземе државјанството поради неговиот сојуз со американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Гардијан. Трамп велеше дека ќе ја претвори Канада во 51-та американска држава.
Рид го обвинува Маск дека учествувал во активности насочени против националниот интерес на Канада додека дејствувал како советник на Трамп. Трамп ги налути Канаѓаните со заканите дека ќе воведат високи царини за канадските производи и изјавите за припојување на Канада кон САД.
Во петицијата се споменува дека соработката на Маск со Трамп го прави „член на странска влада која се обидува да го избрише канадскиот суверенитет“. Тие бараат од канадскиот премиер Џастин Трудо да му го одземе канадскиот пасош на Маск и веднаш да му го одземе државјанството.
