Маск го прашува Медведев како е во Бахмут, а тој го кани на денот на победата во Москва
Mилијардерот Илон Маск го пофали рускиот политичар, Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател затоа што се подбивал со британската премиерка во заминување, Лиз Трас, која вчера си даде оставка по 45 дена на функцијата.
Медведев ги спореди шесте недели власт на Трас со зелка која обично трае подолго од тоа време.
„Збогум Лиз Трас, ѝ честитам на салатата“, објави вчера Медведев.
На ова свој коментар даде Маск.
„Прилично добро тролање, да бидам искрен“, напиша Маск.
Потоа Маск го праша Медведев „како оди работата во Бахмут“, еден од украинските градови каде што руските трупи напредуваат.
„Се гледаме на Денот на победата во Москва“, вели Медведев.
Инаку, Маск најави дека нема да го плаќа интренетот за Украина преку Starlink, па се премисли, а претходно и даваше предлог како да се стави крај на војната во Украина, но на оваа украинските политичари остро одговорија.Тој потоа тврдеше дека Крим е руски и дека Русите ќе го бранат со нуклеарни бомби.
