Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАСК ДОПАТУВА ВО БЕРЛИН ВО НЕГОВАТА ГИГА ФАБРИКА: Производството на Tesla продолжува по пожарот на трафостаницата

МАСК ДОПАТУВА ВО БЕРЛИН ВО НЕГОВАТА ГИГА ФАБРИКА: Производството на Tesla продолжува по пожарот на трафостаницата

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, денеска ја посети гигафабриката на неговата компанија во Германија и им се обрати на вработените, а германските медиуми објавија дека производството во фабриката е рестартирано по привремената суспензија, пренесува CNBC.

Се очекува Маск да се сретне со регионалните политичари за време на неговата посета на Германија, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на извори од државната влада.

Гигафабриката на Tesla, која се наоѓа во близина на Берлин во сојузната покраина Бранденбург, минатата недела остана без струја и мораше привремено да го прекине производството, откако имаше пожар во блиската трафостаница.

Во писмо објавено на Интернет, одговорноста за овој напад ја презеде левичарската екстремистичка организација „Вулкангрупа“.

Германските регионални власти се уште го истражуваат случајот. Тесла планира да прошири фабрика во Германија, но се соочува со значителен отпор од локалните жители и еколошките групи, заклучува CNBC.

ФОТО: EPA-EFE/FILIP SINGER

Слично

Поврзани вести