Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАСАКР ВО САД: Најмалку 10 лица убиени во супермаркет во Колорадо

МАСАКР ВО САД: Најмалку 10 лица убиени во супермаркет во Колорадо

Најмалку 10 лица загинаа, меѓу кои и еден полицаец, во напад во супермаркетот „Кинг Суперс“ во гратчето Болдер, на само 40 километри од Денвер во американската сојузна држава Колорадо.

Како што пренесуваат американските медиуми, опсадата траела со часови од вчера попладне, кога осомничениот влегол во „Кинг Супер“ и според сведоци на крвавиот масакр, почнал само да пука во што стигне.

Убиениот полицаец прв стигнал во маркетот и смртно бил погоден, а напаѓачот по неколку часа бил ранет од страна на специјалците и бил приведен. Неговиот идентитет засега не се открива, како ни мотивот за овој напад.

Изнесен е од супермаркетот само по кратки пантолони и веќе е во притвор, а од полицијата во Колорадо информираат дека станува збор за сложена истрага.

Ова е втор крвав масакр за само десеттина дена откако во Аталанта во салон за масажа имаше осум жртви, меѓу кои шест жени имаа азиско потекло. 


Слично

Поврзани вести